Британската централна банка може привремено директно да ја финансира Владата

273

Британската централна банка денеска соопшти дека се согласила привремено да го финансира задолжувањето на Владата во борбата против коронавирусот доколку парите не можат во кус период да се набават на пазарот на долгови.






Со тоа Централната банка повторно посегна по мерките со кое се служеше за време на финансиската криза во 2008 година.

Британската Влада обично се задолжува директно на пазарите, со емисија на обврзници. Неделава трговците покажаа голем интерес за купување повеќе од 10 милијарди фунти, иако некои од нив носат рекордно ниски приноси.

Поврзани содржини