БРИТАНСКАТА АМБАСАДА ОТВАРА КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР БРИТАНСКИ ПУДИНГ Активности во чест на Кралицата
Британската амбасада во Македонија отвара конкурс за најдобар рецепт за традиционален британски пудинг кој ќе трае од денес (20 април) до 5 мај. Сите што сакаат да учествуваат се поканети да испратат рецепт на [email protected].
На 6 февруари 2022 година, британската кралица стана првиот британски монарх кој прослави платинест јубилеј, одбележувајќи 70 години служба на народот на Обединетото Кралство и Комонвелтот. Кралицата е монарх со најдолго владеење во британската историја и за време на нејзиното исклучително владеење пропатувала повеќе и подалеку од кој било друг монарх, реализирала преку 260 официјални посети во странство, вклучително и речиси 100 државни посети и беше најистакнатиот дипломат на Обединетото Кралство.
Како дел од активностите во Македонија, британската амбасада го започнува натпреварот за Платениумскиот Јубилеј кој има за цел да открие нов десерт во знак на почит на кралицата.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.