Британска компанија откри протеин кој помага при ширењето на ковид-19

Станува збор за третман кој го развивала британската компанија „Synairgen“ со седиште во Саутемтон, во кој бил користен протеин наречен интерферон бета. Тоа е протеин кој телото го произведува за да се одбрани од вирусна инфекција.

1,015

Прелиминарни резултати од клиничко испитување на нова терапија на заразени со ковид-19 покажуваат драматично намалување на бројот на пациенти на кои им е потребна интензивна нега, објави „ВВС“.

Станува збор за третман кој го развивала британската компанија „Synairgen“ со седиште во Саутемтон, во кој бил користен протеин наречен интерферон бета. Тоа е протеин кој телото го произведува за да се одбрани од вирусна инфекција.






Во третманот, протеинот се инхалира директно во белите дробови на пациентите. Првичните резултати покажуваат дека тој за 79 отсто ги намалува шансите хоспитализираните пациенти со ковид-19 да дојдат до тешка клиничка слика, како што е потребата од механичка вентилација.

Како што пренесува „ВВС“, од компанијата „Synairgen“ велат дека веројатноста пациентот да се излекува се зголемува за два до трипати, како и дека значително се намалува опасноста од губење на здивот.

Покрај тоа, од девет на шест дена се скратува и просечното време на пациентите поминати во болница.

Во клиничкото испитување учествувале 101 доброволец. Станува збор за пациенти кои биле хоспитализирани во девет болници во Велика Британија, кај половина од нив бил применет овој третман со протеин, додека кај другата не бил, по што тие биле набљудувани.

Овие резултати сè уште не се објавени во научно списание, а засега не е објавено ниту целосното истражување. Меѓутоа, научници за „ВВС“ наведуваат дека ако резултатите се потврдат и во понатамошните поголеми испитувања тогаш тоа ќе значи и менување на „правилата на игра“ во борбата со ковид-19.

Поврзани содржини