Британија започнува со тестирање на вакцина врз луѓето

им од Институтот „Џенер“ во Оксфорд ќе започне со производство на вакцината пред да заврши тестирањето за да обезбеди милион дози до септември.

341

Велика Британија во четврток ќе започне со тестирање на вакцината против вирусот ковид-19 врз луѓето, рече британскиот министер за здравство Мет Хенкок, додавајќи дека вакцината што ја развиле научниците од Универзитетот Оксфорд има 80 проценти шанси за успех, пренесува „The Telegraph“.

За ова истражување ќе бидат издвоени 20 милиони фунти. Тим од Институтот „Џенер“ во Оксфорд ќе започне со производство на вакцината пред да заврши тестирањето за да обезбеди милион дози до септември. Хенкок истакна дека развивањето на вакцината е „несигурна наука“, но затоа што двата тима постигнале „брз напредок“, тие ќе бидат поддржани.






– Во исто време, ние ќе инвестираме во производство, така што доколку функционира некоја од овие вакцини, таа ќе биде достапна за Британците што е можно поскоро – рече тој, предупредувајќи дека ништо не е безбедно во процесот.

Вакцината, наречена „ChAdOx1 nCoV-19“, е направена од безопасен шимпанзен вирус генетски дизајниран да носи дел од коронавирусот, а оваа техника веќе се покажа дека произведува силни имунолошки реакции кај други болести. Веќе е постигнат договор за производство на вакцини со тројца производители и неколку во други држави.

Професорката Сара Гилберт од Универзитетот Оксфорд рече дека се надева дека до 500 луѓе ќе бидат дел од тестирањето до средината на мај и дека самото истражување ќе биде контролирано.

– Ќе ги следиме пациенти и од нив ќе побараме да не контактираат доколку добијат симптоми на коронавирусот и тогаш ќе видиме кој се има заразено – рече таа.

Во меѓувреме, и кралскиот Универзитет во Лондон започна уште во февруари со тестирање на вакцини врз животни, додека клиничките испитувања се очекуваат во јуни. Повеќе од 70 вакцини против вирусот се развиваат низ целиот свет, а Велика Британија е една од ретките што ја тестира веќе кај луѓето.

Поврзани содржини