Британија вакцинира 140 лица во минута, во Лондон наскоро ќе има 24 часа вакцинација
Во моментов во Велика Британија, граѓаните можат да се вакцинираат во периодот од 8.00 до 20 часот.
Во Лондон, пунктовите за вакцинација против коронавирусот ќе започнат да работат 24 часа на ден, соопшти денеска министерот задолжен за вакцинација на населението Надим Захави.
Овој план за вакцинација ќе почне да се спроведува пред крајот на јануари, а Захави рече дека Националната здравствена служба прво го заштити најранливиот дел од населението, пренесува Скај њуз.
Тој додаде дека засега постои „ограничен број вакцини“ кои мора да стигнат до луѓето на кои им се најпотребни, како што се постарите лица или лицата со хронични заболувања.
Во моментов во Велика Британија, граѓаните можат да се вакцинираат во периодот од 8.00 до 20 часот.
Велика Британија просечно против коронавирусот вакцинира 140 лица во минута, соопшти Надим Захави, министер одговоерен за дистрибуција на вакцини.
Најновите податоци покажуваат дека Велика Британија вакцинирала 3.857.266 лица со првата доза и 449.736 со втората доза.
– Оди добро, вакцинираме просечно 140 луѓе, ова е прва доза, буквално во минута. Тоа е просек, но во некои области е подобро. Ќе го видите ова подобрување откако ќе отвориме повеќе големи центри за вакцинација, вкупно 17 оваа недела и 50 до крајот на месецот – изјави Захави за Скај Њуз.
Според него, во некои области повеќето од Британците постари од 80 години се вакцинирани, а потоа следат оние над 70 години со болести.