Британија со уникатна помош на бизнисот: Британците ќе јадат во ресторани, а пола од сметката ќе плаќа владата

Попустот функционира така што гостинот веднаш добива намалена сметка, а потоа рестораните надомест за разликата бараат од владата.

1,050

Британската влада од 3. до 31. август ја спроведува програмата „Јади надвор за да помогнеш“ (Eat out to help out )  со која субвенционира 50 отсто од износот на сметката за да ги поттикне граѓаните да јадат надвор и да ги спасат рестораните од затворање.

Се работи за програма внатре во проектот Коронавирус (ковид-19) Бизнис поддршка (Business support).






Субвенционирањето на сметките важи во понеделник, вторник и среда, односно деновите кога прометот во рестораните е помал. Нема ограничување на бројот на попусти, единствен услов е угостителскиот објект да е регистриран во проектот „Јади надвор за да помогнеш“.

Попустот се однесува на храна или безалкохолни пијалоци. Се субвенционира максимално до 10 фунти по гостин.

Попустот не важи за алкохолни пијалоци и за услуги на вработените на ресторанот.

Попустот функционира така што гостинот веднаш добива намалена сметка, а потоа рестораните надомест за разликата бараат од владата.

 

Поврзани содржини