БРИТАНИЈА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ЗАПЛЕНУВА РУСКИ ТАНКЕРИ На удар ќе биде „флотата во сенка“

Руската „флота во сенка“, составена од над илјада застарени танкери, превезува нафта под туѓи знамиња за да ги избегне западните санкции.

244

Британските специјалци ќе можат да се качуваат и да ги запираат бродовите од руската „флота во сенка“ додека минуваат низ водите на Обединетото Кралство, најави премиерот Кир Стармер, пренесува ДПА.

Стармер изјави дека Велика Британија ќе им се придружи на северноевропските сојузници во пресретнувањето на танкерите, во обид уште посилно да се справат со бродовите кои ги прекршуваат санкциите.






Оваа одлука премиерот ја донесе за време на патувањето за Хелсинки, на самитот на Обединетите експедициски сили (ЈЕФ) – воена коалиција од 10 земји предводена од Лондон, која ги вклучува и Данска, Естонија, Финска, Исланд, Летонија, Литванија, Холандија, Норвешка и Шведска.

Руската „флота во сенка“, составена од над илјада застарени танкери, превезува нафта под туѓи знамиња за да ги избегне западните санкции.

– Путин ги трие рацете поради војната на Блискиот Исток бидејќи мисли дека повисоките цени на нафтата ќе му ги наполнат џебовите. Затоа одиме уште посилно против неговата флота, за да ја изгладнеме неговата воена машина – порача Стармер.

Неодамна, Финска, Шведска и Естонија веќе пресретнаа сомнителни танкери во Балтикот, а затворањето на британските води ќе ги принуди руските бродови на подолги и поскапи рути.

Поврзани содржини