БРИТАНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОЈНA? Армијата добива нови овластувања, резервисти до 65 години

Со новиот Закон за вооружените сили, Лондон ја зголемува старосната граница за резервисти и го олеснува нивното повикување уште во фазата на воени подготовки.

161

Британската влада подготвува сериозни законски измени со кои армијата добива нови овластувања, а сè е јавно поврзано со, како што велат властите, „подготовките за можна војна“. Информацијата ја објавија повеќе британски и американски медиуми, повикувајќи се на извори од официјален Лондон.

Најзначајната промена е зголемувањето на горната старосна граница за стратешките резервисти – од досегашни 55 на 65 години. Станува збор за поранешни војници кои веќе не се во активна служба, но сè уште имаат обврски кон државата и можат повторно да бидат повикани.






Паралелно со тоа, значително се намалува и прагот за нивно активирање. Досега резервистите можеа да бидат повикани исклучиво во случај на директна национална опасност, вонредна состојба или напад врз Велика Британија. Со новите правила, нивното повикување ќе биде можно уште во фазата на „воени подготовки“, односно пред официјално избувнување на конфликт.

Според проценките на британските власти, земјата располага со околу 95.000 стратешки резервисти, кои во новите услови би имале клучна улога во зајакнување на воените капацитети.

Сите овие измени ќе бидат вклучени во новиот Закон за вооружените сили, кој допрва треба да помине парламентарна процедура. Доколку биде усвоен, законот ќе стапи во сила следната година.

Иако британската влада тврди дека во моментов не се планира општа мобилизација, од Лондон отворено признаваат дека во случај на голема војна, земјата нема доволно активни војници.

Дополнителна загриженост доаѓа и од воените експерти, кои предупредуваат дека британската армија се наоѓа во една од најслабите состојби во последните сто години. Како што истакнуваат аналитичарите, „малите армии не победуваат во војни“, а времето за сериозни подготовки, според нив, веќе тече.

Поврзани содржини