БРИТАНИЈА ПЦР тестовите се скапи, здравствените власти ќе ја преиспитуваат цената

„Луѓето треба да можат да одат на одмор, или да го видат своето семејство или само да се релаксираат, без страв од прекумерни трошоци за ПЦР тестови“, напиша министерот за здравство на Твитер.

153

Британската агенција за конкуренција денеска соопшти дека ќе ги испита цените на тестовите за ковид-19 воведени од владата за патниците, откако министерот за здравство Саџид Џавид се пожали дека скапите тестови спречуваат одредени луѓе да одат на одмор.

ПЦР тестовите,што се неопходни за повеќето патници, чинат во просек околу 75 фунти, што е 300 фунти за четиричлено семејство, но многу компании наплатуваат значително повеќе. Цените што ги наведенуваат фирмите што се на листата на официјалниот сајт на британската Влада се движат од 17 до 250 фунти.






Џавид вчера кажа дека побарал од Агенцијата за заштита на конкуренцијата и пазарот да ја сузбие „неоправданата пазарна пракса“.

„Луѓето треба да можат да одат на одмор, или да го видат своето семејство или само да се релаксираат, без страв од прекумерни трошоци за ПЦР тестови“, напиша министерот за здравство на Твитер.

Агенцијата има овластување директно да интервенира кога ќе открие неправилности, но може и директно да ги советува министрите со цел побрзо преземање соодветни мерки.

„Се радуваме штро на државниот секретар ќе му дадеме совет како да им обезбеди на патниците прифатливи и сигурни тестови“, наведе агенцијата.

Поврзани содржини