Британија не го продолжува периодот на транзиција за договор со ЕУ

По неколку недели, в понеделник продолжуваат преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ за идните односи откако земјата ја напушти Европската Унија. 

182

Велика Британија нема да го продолжи периодот на транзиција за време на кој треба да се договори иднината на односите со Европската Унија, а кој изминува на крајот на годината, изјави британскиот државен секретар Мајкл Гов.

„Официјално потврдувам дека Велика Британија нема да го продолжи периодот на транзиција. Моментот за продолжување помина и на 1 јануари 2021 година ќе ја вратиме контролата и нашата политичка и економска независност“, напиша Гов на Твитер.






По неколку недели, в понеделник продолжуваат преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ за идните односи откако земјата ја напушти Европската Унија. 

Поврзани содржини