Британија ги заострува мерки за патниците од други земји, можен е и затвор
Секој што ќе лаже во образецот за лоцирање патници и се обиде да скрие дека бил во држава која е на „црвената листа“ 10 дена пред да дојде тука, ќе се соочи со казна затвор од 10 години - рече Ханкок во Парламентот.
Од следната недела властите во Велика Британија ќе воведат построга гранична контрола со цел да се спречи ширењето на новите варијанти на коронавирусот, барајќи хотелски карантин за луѓе кои доаѓаат во земјата. Властите се заканија – доколку не се почитуваат мерките можна е и затворска казна до 10 години.
Министерот за здравство Мет Хенкок изјави дека прекршителите на правилата, што стапуваат во сила на 15 февруари, може да завршат во затвор и парична казна до 10.000 фунти.
– Секој што ќе лаже во образецот за лоцирање патници и се обиде да скрие дека бил во држава која е на „црвената листа“ 10 дена пред да дојде тука, ќе се соочи со казна затвор од 10 години – рече Ханкок во Парламентот.
– Британските и ирските граѓани кои пристигнале во Англија од земјите со најголем ризик, оние кои се на „црвената листа“ како Јужна Африка, треба да платат 1.750 фунти и да поминат најмалку 10 дена во карантин во хотелот што ќе им биде доделен – рече Ханкок.
Британската Влада објави дека договорила 16 хотели со 4.600 соби и дека ќе обезбеди повеќе места за карантин доколку е потребно.
Мерките во Велика Британија може да останат во сила се додека владата не биде сигурна дека вакцините дејствуваат против нови варијанти на коронавирусот, нагласи Хенкок.