Британија ги продолжи мерките за уште три недели

Велика Британија, со 13.729 смртни случаи од Ковид-19, е на петто место по бројот на жртви, по САД, Италија, Шпанија и Франција. 

195

Велика Британија денеска ги продолжи мерките за справување со коронавирусот за уште три недели, при што вршителот на должноста премиер Доминик Раб им порача на граѓаните да останат дома.

– Стигнавме толку далеку, изгубивме многу сакани, многу се жртвувавме за сега да попуштиме, особено кога гледаме дека нашите напори даваат резултати – рече Раб.






По итниот состанок со кој тој претседаваше, посочи дека олабавувањето на која било од мерките ќе претставува ризик и за јавното здравство и за економијата.

Велика Британија, со 13.729 смртни случаи од Ковид-19, е на петто место по бројот на жртви, по САД, Италија, Шпанија и Франција.

Поврзани содржини