БРИТАНИЈА ЈА ЗАЈАКНУВА БЕЗБЕДНОСТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН 11,5 милиони евра за борба против илегалната имиграција и руското мешање

Велика Британија инвестира над 11 милиони евра за заштита на Балканот од илегална имиграција и кибер закани, како дел од дипломатската иницијатива Берлински процес.

608

На денешниот Самит на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и земјите – членки на ЕУ, вклучени во Берлинскиот процес, Велика Британија најави мобилизирање на финансиски средства за справување со мрежите за илегална имиграција и зајакнување на кибер-одбраната против ризикот од руско мешање во регионот.

Шефицата на британската дипломатија, Ивет Купер, изјави дека Велика Британија ќе мобилизира 10 милиони фунти (околу 11,5 милиони евра) за „иновативни програми“ насочени кон борба против илегалните мрежи за миграција на Балканот.






– Знаеме дека безбедноста на Западен Балкан влијае врз безбедноста на цела Европа и на нашата безбедност овде во Велика Британија – истакна Купер.

Дополнително, таа најави дека четири милиони фунти ќе бидат насочени кон зајакнување на капацитетите за кибер одбрана на земјите од регионот за заштита од руското мешање.

Дводневниот министерски состанок, кој почна синоќа со прием организиран од Купер, се одржува како дел од Берлинскиот процес, дипломатска иницијатива започната во 2014 година со цел забрзување на процесот на пристапување кон Европската унија на шесторката од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.

Средбата служи и како подготовка за самитот на лидерите од Западен Балкан во Лондон на 22 октомври, каде ќе се дискутираат следните чекори за интеграција во ЕУ и зајакнување на безбедноста во регионот.

– Со овие инвестиции, обезбедуваме дека земјите од Западен Балкан ќе имаат алатки да се борат против илегалната имиграција и сајбер заканите, а со тоа и целиот регион ќе биде посигурен – додава Купер.

Поврзани содржини