Британец носел змија наместо маска во автобус (ФОТО)

Прво помислив дека има некоја интересна маска. А, потоа видов дека ја пушти змијата да се замотува околу шипката. Никому тоа не му пречеше, напротив, беше крајно забавно - рекла една патничка.

1,918

Повеќе држави во светот донесоа правила за задолжително носење маски во јавниот превоз, а некои граѓани на сите начини се обидуваат да го покријат лицето.

Така еден Британец ги изненадил своите сограѓани, кога во автобус влегол со змија околу устата. Наместо маска, носел змија. Змијата му се замотала околу вратот и му покрила дел од лицето, а тој изгледал како тоа да е сосема нормално.






– Прво помислив дека има некоја интересна маска. А, потоа видов дека ја пушти змијата да се замотува околу шипката. Никому тоа не му пречеше, напротив, беше крајно забавно – рекла една патничка.

Поврзани содржини