Британец извлечен од бунар по 6 дена (ВИДЕО)
Засега е непознато дали Робертс живее во Бали или е турист.
Дваесет и деветгодишен Британец бил извлечен од бунар откако шест дена бил заглавен во него во Бали.
Во бунарот имало малку вода што можел да ја пие Џејкоб Робертс, кој кога паднал во бунарот длабок четири метри, ја скршил ногата, пренесува Би-Би-Си.
Несреќата се случила во селото Пеката, додека тој бегал од куче. Бил спасен кога неговите повици за помош ги слушнал еден од селаните, кој барал храна за добиток во тој изолиран дел од селото.
Во спасувачката акција учествувале тројца спасувачи во заштитни одела. Робертс изгледал слабо и измачено.
Засега е непознато дали Робертс живее во Бали или е турист. Бали веќе два месеци е во карантин поради епидемијата на вирусот корона.