Британците во шок! Првпат ја видоа кралицата Елизабета со маска! (ФОТО-ВИДЕО)
Таа беше видена во јавноста неколку пати, но досега не носеше заштитна маска.
Британската кралица Елизабета (94) првпат се појави во јавноста со маска, кога присуствуваше на кратка церемонија во капелата Вестминстер кај Гробот на непознатиот херој.
Во средата се одржа церемонија по повод 100-годишнината од погребот на непознат британски војник кој загина во Првата светска војна, а фотографиите беа официјално објаени во саботата.
Кралицата носеше црна маска исечена со бела лента, облечена во црно палто со црна капа.
Тоа беше нејзин прв јавен ангажман во Лондон од март, кога избувна пандемија на коронавирусот.
Таа беше видена во јавноста неколку пати, но досега не носеше заштитна маска.
Освен кралицата, на службата присуствувал само свештеникот Дејвид Хојл и еден нејзин придружник.
Кралицата се омажи во оваа капела во ноември 1947 година, потсетува АП.