Британците во паника, пак над 10.000 заразени во еден ден

Поради зголемениот број на новозаразени, Даунинг стрит одлучи да го одложи олеснувањето на рестриктивните мерки.

671

Велика Британија регистрира 10.321 лице заразени со коронавирус во последните 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата се искачи на 4.620,968, соопшти британското Министерство за здравство.

Ова претставува најголемо зголемување од февруари, кога случаите нагло паднаа во услови на една од најуспешните кампањи за вакцинација во Европа.






Сепак, со ширењето на варијантата Делта, која првпат беше откриена во Индија, Велика Британија забележа значително зголемување на инфекциите.

Поради зголемениот број на новозаразени, Даунинг стрит одлучи да го одложи олеснувањето на рестриктивните мерки. Од истата причина голем број држави донесоа одлука  да продолжат со ограничувањата за сите оние кои пристигнуваат од Велика Британија.

Поврзани содржини