Британците уште сега во голем број се подготвуваат за летување

Британската туристичка организација соопшти дека Грција, Шпанија и Турција се најбараните дестинации, почнувајќи од јули.

711

Резервациите за летни одмори скокнаа за 600 проценти оваа година, откако Велика Британија донесе одлука за укинување на рестриктивните мерки, давајќи им надеж на авиокомпаниите и туристичките агенции дека ќе можат да работат нормално годинава.

Британската туристичка организација соопшти дека Грција, Шпанија и Турција се најбараните дестинации, почнувајќи од јули.






„Kомпанијата Изиџет“ соопшти дека резервациите преку ноќ се зголемиле за 300 проценти, а резервациите за одмор пораснале за 600 проценти од недела во недела, особено откако владата вчера најави дека патувањата може да продолжат од средината на мај.

Поврзани содржини