БРИСЕЛСКАТА ИГРА НЕМА ДА СТИГНЕ ДАЛЕКУ Како светот пишува за случувањата со Македонија и францускиот предлог
Замислете какво би било расположението на улиците на Амстердам ако Белгија, Луксембург или Франција ја принудеа Холандија да стане североисточна Холандија, или во Мадрид, ако Полска ја натера Шпанија да го прифати името на нејзиниот регион Галиција, се вели од еден дел од текстот каде се спомнува дека Македонија „отиде дотаму што го смени уставното име“.
Со зборовите „процесот нема да стигне далеку“ и „игра на Брисел“ порталот Политико го опишува гласањето на францускиот предлог во македонскиот парламент, за кој се вели дека е „компромисен“. Политико во написот ја изложува на кратко историјата на македонско-бугарскиот спор и го нотира моментот дека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски рекол дека тој е „срамен“ предлог и дека нема да поддржи уставни измени.
„Замислете какво би било расположението на улиците на Амстердам ако Белгија, Луксембург или Франција ја принудеа Холандија да стане североисточна Холандија, или во Мадрид, ако Полска ја натера Шпанија да го прифати името на нејзиниот регион Галиција“, се вели од еден дел од текстот каде се спомнува дека Македонија „отиде дотаму што го смени уставното име“.
Еве што пишува Политико.
Компромисен договор
Парламентот на Северна Македонија денеска ќе одржи специјална седница на која ќе расправа за планот за обезбедување повеќе права за бугарското малцинство во земјата. Планот, предложен од Франција, има за цел да го реши тековниот спор со Бугарија и да ја отвори вратата за Скопје да ги започне преговорите за пристап во ЕУ, на кои Софија ставаше вето.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е во Скопје и ќе се обрати пред пратениците.
Притисок на улиците
Дебатата доаѓа додека протестите против предлогот се зголемуваат во главниот град на Северна Македонија, каде што речиси секојдневно се одржуваат собири, при што некои од нив стануваат насилни, пишува известувачката Нектарија Стамули.
Тежок пат
Северна Македонија прескокна низ повеќе сопки во својата потрага да се приклучи на ЕУ, одејќи дотаму што го промени своето име од Македонија за да го надмине грчкото вето. (Замислете какво е расположението на улиците на Амстердам ако Белгија, Луксембург или Франција ја принудија Холандија да стане североисточна Холандија, или во Мадрид, ако Полска ја натера Шпанија да го прифати името на нејзиниот регион Галиција.)
На крстопат
Денешната расправа се очекува да доведе до гласање. Потребно е просто мнозинство и се чини дека договорот може да помине со поддршка на владејачката партија СДСМ и нејзините помали коалициски партнери. Социјалистичкиот премиер Димитар Ковачевски ги повика пратениците да гласаат за предлогот, нарекувајќи го солидна основа за дискусија и покрај тоа што првично беше означен како „неприфатлив“.
„Не“
Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го нарече предлогот „срамен“ и ги повика пратениците да го отфрлат. Тој рече дека ќе се откаже од своето барање за предвремени избори доколку владата каже не на францускиот предлог.
Процесот нема да стигне далеку
Доколку пратениците денеска гласаат за редлогот, ќе започне процесот за негово спроведување. Но, дел од планот бара промена на уставот на Северна Македонија и ќе треба двотретинско мнозинство во парламентот за тоа да помине. Опозицијата рече дека во тој момент ќе стави вето на предлогот. Оттука, критичарите предвидуваат дека процесот нема да стигне далеку, пишува Политико.