„БРИСЕЛЦИТЕ ТУРКААТ ВОЈНА, ПРАВАТ ТРИКОВИ ЗА УКРАИНА“ Орбан открива детали од состанокот во Копенхаген
Тие сакаат да ѝ ги предадат средствата од ЕУ на Украина. Тие се обидуваат да го забрзаат пристапувањето на Украина со сите можни правни трикови, напиша премиерот на Унгарија Виктор Орбан на вториот ден од неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Копенхаген.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска упати остра критика од Копенхаген каде што се одржува неформален состанок на шефовите на држави и влади на ЕУ и самит на Европската политичка заедница.
„Копенхаген, втор ден. Ситуацијата е сериозна. На маса се отвоТие сакаат да ѝ ги предадат средствата од ЕУ на Украина. Тие се обидуваат да го забрзаат пристапувањето на Украина со сите можни правни трикови“, напиша Орбан на Икс.рени предлози за војна.
Понатаму во неговата објава се вели:
„Тие сакаат да финансираат испораки на оружје. Сите овие предлози јасно покажуваат дека тимот од Брисел сака војна. Цврсто ќе стојам зад унгарскиот став, но овој самит исто така докажува дека наредните месеци ќе бидат обележани со закана од војна. Ќе ни треба поддршка од целата политичка заедница и од секој Унгарец кој копнее по мир“.
По вчерашниот неформален самит на лидерите на ЕУ фокусиран на заедничката одбрана и поддршката за Украина, денеска во Копенхаген ќе се одржи самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ), каде што ќе се дискутира за безбедноста, трговијата со луѓе и миграцијата, со учество на околу 40 шефови на држави или влади.