Наводите дека БРИМА воопшто не спровела анкета не се точни. Уште еднаш објаснуваме дека БРИМА не ја објавила анкетата а истата ја спровела во наведениот период, соопшти денеска Канцеларијата на БРИМА во Македонија.
Оттаму додаваат дека истражувањето во јунскиот бран се спровело од 5 до 14 јуни 2020 со телефонска анкета (CATI) со национално репрезентативен примерок N=1.174 испитаници на возраст 18+ години.
„Понудата ја прифати еден од клиентите со ексклузивно право на користење и објавување. Дополнително БРИМА на 05 јули 2020 има пратено до сите медиуми информација – корекција во која се појаснува точниот датум кога анкетата е спроведена“, соопшти БРИМА.
БРИМА четири пати годишно редовно спроведува Омнибус истражување повеќе години. Во рамките на ова истражување е и секцијата за социо-политички стандардизирани прашања во рамки на Политичкиот барометар на БРИМА. Овие податоци кои се сопственост на БРИМА, канцеларијата ги нуди на потенцијални клиенти кои се заинтересирани за нив.