БРЕЗЕВИ ОСУМ МЕСЕЦИ ЧЕКААТ ОДГОВОР ОД ЈО ЗА „ЖАН МИТРЕВ“ Во предметот на Обвинителството ќе влезат и други пријави на граѓани

На 12 април годинава семејство од Косово поднело друга пријава. Од Обвинителството вчера рекоа дека ќе оформат предмет, а двете пријави ќе бидат дел од предметот.

2,684

Осум месеци семејството Брезеви чека да добие повратна информација од скопското Јавно обвинителство по поднесената кривична пријава за клиничката болница „Жан Митрев“, објави Истражувачката репортерска лабораторија(ИРЛ). Семејстовото во октомври ја доставило пријавата преку нивна адвокатка, бидејќи се сомневало во причините за смртта на Никола Брезов, кој во клиниката се лекувал од ковид-19.

На 12 април годинава семејство од Косово поднело друга пријава. Од Обвинителството вчера рекоа дека ќе оформат предмет, а двете пријави ќе бидат дел од предметот.






Истражувачката сторија и документарецот „Нечиста крв“ ја разбрануваа јавноста по нивното објавување. Во нив се тврди дека пациенти во клиниката не знаеле дека биле цел на истражување, а значителен дел од нив добиле инфекции кои, наводно, клиниката не ги пријавила.

Од „Жан Митрев“ вчера излегоа со реакција велејќи дека тоа се лажни и фабрикувани информации.

Поврзани содржини