Бесими: Со идни законски измени можно е да се обесштетуваат депозити до 50.000 евра
Министерот за финансии не размислува за директна интервенција за обештетување на штедачите на Еуростандард банка со влогови повисоки од законскиот лимит од 30.000 евра.
Министерот за финансии Фатмир Бесими не ја исклучува можноста за измени во Законот за Фондот за осигурување на депозити, но смета дека тие измени би требало да се реализираат во соработка со Народната банка и комерцијалните банки.
– Ќе разговараме за можноста за измени на Законот. Да видиме каква е практиката во светот и какви се европските норми за висината на осигурување на депозитите. Можно е да се зголеми прагот од 30.000 на 50.000 евра. Според европските норми опфатени се и правните субјекти, но кај нас во законот овој сегмент го немаме и би требало овие измени да ги вметнат и правните субјекти. За ова сепак е потребно да имаме разговори со банките . Можеби поризичните банки ќе треба да плаќаат и повисока премија за осигурување на депозити. Сето ова ќе треба да се направи во соработка со Народната банка – изјави Бесими во емисија на Телма телевизија.
Тој рече дека, и ако има измени на Законот, тој нема да важи ретроактивно и со него нема да бидат опфатени оштетените штедачи на Еуростандард банка.
Според него, во владата не се размислува за никаква интервенција во однос на обесштетиување на штедачите во Еуростандард банка со штедни влогови над 30.000 евра колку што предвидува актуелниот закон.
– Директна интервенција од страна на владата би значело влијание на финансискиот пазар. Фондот за осигурување на депозити го реализирала тоа што требаше односно ги покри депозитите до 30.000 евра, а другите според законот ќе бидат обрштетени од сетчајната маса.