БРЕНДОТ ШТО ГИ ИЗРАБОТИ УКРАСНИТЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ЗА РОМАНОВИ Е ПРОДАДЕН Нов сопственик на „Фаберже“е руски технолошки инвеститор

Причина за продажбата на брендот, според британските медиуми,  е падот на приходите и политичките немири во Мозамбик, каде што има рудник за рубини.

161

Британската рударска компанија „Гемфилдс“ го продаде познатиот луксузен бренд „Фаберже“, познат по накитот и декоративните велигденски јајца произведени за руската династија Романов, на инвестициската фирма „СМГ Капитал“ за 50 милиони долари.

Причина за продажбата на брендот, според британските медиуми,  е падот на приходите и политичките немири во Мозамбик, каде што има рудник за рубини.






Според условите на трансакцијата, „Гемфилдс“ ќе добие 45 милиони долари по затворањето, закажано за август, додека преостанатите 5 милиони долари ќе бидат исплатени преку квартални плаќања на авторски права, објавува „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

Нов сопственик на брендот стана рускиот технолошки инвеститор Сергеј Мосунов, извршен директор и сопственик на компанијата „СМГ Капитал“.

Мосунов најави планови за глобалниот пазар на луксузни стоки.

Минатата година, „Фаберже“ оствари приходи од 13,4 милиони долари, што е намалување во споредба со 15,7 милиони долари од претходната година.

Брендот е создаден од златарот Питер Карл Фаберже ког своите ремек-дела од скапоцени камења и скапоцени метали  ги создавал  во работилница во Санкт Петербург. Првите јајца биле нарачани за рускиот цар Александар III и царот Николај II како велигденски подароци.

Од приближно 50 јајца направени за царското семејство помеѓу 1885 и 1916 година, повеќе од 40 се зачувани. Една од најпознатите трансакции се случила во 2004 година, кога нафтениот и гасниот тајкун Виктор Векселберг платил повеќе од 90 милиони долари за девет царски јајца, тогаш втора најголема колекција во светот која била во сопственост на медиумското семејство Форбс од Њујорк.

Поврзани содржини