Бременоста не е единствената причина зошто Меган не оди на погребот на принцот Филип: Конечно се огласи
Меган Маркл изјави дека нема да оди на погребот на принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора и дедо на нејзиниот сопруг принцот Хари, за да не биде во центарот на вниманието тој ден.
Меган им се доверила на своите пријатели дека го обожавала и дека му се восхитувала на принцот Филип. Таа им рекла на пријателите дека една од причините зошто нема да присуствува на погребот на принцот Филип во Британија е таа бидејќи „не сака да биде во центарот на вниманието“.
Како што пренесува „Дејли мејл“, Меган смета дека одењето на погребот на принцот Филип е можност Хари да се смири со семејството, пред сѐ, со татко му, принцот Чарлс, и со неговиот брат принцот Вилијам.
Покрај тоа, таа е бремена и лекарот ја советувал дека е подобро да не патува со авион. Се верува дека Меган е главниот виновник и дека го убедила Хари да го напушти семејството и да се пресели прво во Канада, а потоа во Калифорнија, САД.