Пејачката Кели Роланд објави дека го чека своето второ дете со сопругот Тим Ветерспун, а веќе го имаат петгодишниот син Титан.
Поранешната членка на женскиот бенд „Дестини чајлд“, ги воодушеви обожавателите со оваа прекрасна вест во низата фотографии за списанието „Женско здравје“.
Кели (39) ја објави веста на насловната страница на последниот број на „Женско здравје“ „Womens Health“, каде го откри својот труднички стомак.
Во интервјуто, пејачката откри дека забременила мошнебрзо по воведувањето на епидемиолошки мерки.
– Разговаравме за тоа, а потоа се случи ковид-19 и потоа размислувавме што ќе правиме понатаму – рекла таа.
На почетокот, Кели се двоумела дали да ја објави бременоста, но сфатила дека, сепак, сака да ги потсети луѓето дека животот е важен.
– Ќе полнам 40 години во февруари и многу ми значи тоа дека можам да имам дете. Грижата за себе многу ми значи – вели пејачката.
ФОТО: Инстаграм/Википедија