БРЕМЕНАТА САРА МЕЈС ПЛИВА СО АЈКУЛИ ВО ТУРЦИЈА Несекојдневна авантура (ФОТО+ВИДЕО)
Сара ужива во одморот во Анталија, а, меѓу другите активности, се впуштила и во една несекојдневна авантура.
Пејачката Сара Мејс, која е веќе во осмиот месец од бременоста, заедно со сопругот Димитар Атанасовски и ќеркичката Илина уживаат на одмор во Анталија, Турција.
Судејќи по фотографиите, Сара, облечена во костим за капење, изгледа одлично во поодминатата бременост.
View this post on Instagram
Среќното семејство со своите следбеници споделува фотографии од убавиот одмор, а овој пат сподели видео од една несекојдневна авантура.
„Дури си во базенот со ајкулчињата слатки си земаш една школка и после бисерот од школката ти го ставаат во приврзок и на ланче“, раскажa на својот профил на Инстаграм Сара Мејс за средбата со ајкулите. Бремената Сара заштитена во кафез, пливаше очи в очи во ајкулите.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм