БРЕМЕНАТА РИЈАНА ПРЕДИЗВИКА ХАОС Се прошета во долна облека во Париз (ФОТО)
Поп-ѕвездата Ријана не престанува да ги поместува границите на голотијата дури и во бременоста.
Ријана на 34 години го чека своето прво дете, среќната вест ја потврди со разголено издание и го покажа трудничкиот стомак!
Сега таа се појави во долна облека на ревијата на „Диор“ како дел од Париската модна недела и предизвика вистински хаос меѓу толпата луѓе на улица кои дојдоа да ја видат.
Пејачката за оваа пригода облече целосно проѕирна ноќница под која се гледаа нејзиниот градник од тантела и танга гаќички, а се наметнала со кожен капут.
View this post on Instagram
Внимание не ѝ пречело и самоуверено им позирала на насобраните фотографи во разголено издание, притоа галејќи го трудничкиот стомак.
Иако од почетокот на кариерата има грст разголени изданија, откако ја објави бременоста, со секое ново појавување успева да се надмине себеси, па неодамна во Милано покажа и повеќе отколку што сме навикнати.
Веста за породувањето Ријана ја објави и со разголени фотографии направени на улиците на снежниот Њујорк, а за снимањето облекла долга розова јакна која ја откопча и го откри својот стомак. Таа претходно неколку месеци успешно ја криеше својата бременост од јавноста, а таткото на детето е раперот АСАП Роки.
View this post on Instagram
За нивната врска почна да се шпекулира неколку месеци откако таа раскина со милијардерот Хасан Џамел на почетокот на 2020 година, а неодамна се појавија гласини дека тие се свршиле.
Ријана и АСАП беа пријатели со години пред тоа, а интересно е што првите гласини дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство се појавија уште во 2013 година, но раперот тогаш коментираше само дека Ријана е секси, но дека не ја гледа со тие очи.