Бремената Кети Пери избегала од хотелот во Австралија во кој престојувале Том Хенкс и сопругата ВИДЕО

2,013

Американската пејачка Кети Пери (35), која пред неколку дена објави дека е бремена, била фотографирана како го напушта Сиднеј ден откако Том Хенкс објавил дека тој и неговата сопруга се заразени со коронавирус.

Бремената пејачка заминала од Австралија откако избила паника поради коронавирусот. Кети била видена како излегува од автомобилот и оди кон сиднејскиот аеродром на 12 март.

Пејачката се потрудила да помине незабележливо, облечена во тренерка и дуксер, со качулка и слушалки на главата, и со темни очила на очите. На рацете носела ракавици, а со перница ги покрила устата и стомакот.

Кети и нејзиниот свршеник, британскиот актер Орландо Блум, го очекуваат првото дете.

Кети била „заробена“ 24 часа во хотелот „Парк Хајат“ во Сиднеј. Тоа е истиот хотел во кој престојувалеТом Хенкс и неговата сопруга, пејачката Рита Вилсон, кои моментално се во изолација.

И Орландо Блум беше принуден да го промени својот работен распоред. Снимањето на втората сезона од неговата емисија „Carnival Row“ е прекинато и одложено на неодредено.

 

 






Поврзани содржини