Бремената Емили Ратајковски се сликаше целосно гола (ФОТО)
Понекогаш се чувствувам како Вини Пу во човечка форма, а понекогаш како божица на плодноста со сочен задник - напиша Ратајковски
Моделот ја откри бременоста во соработка со магазинот Вог, за кој се фотографираше и напиша колумна во која се осврна на мајчинството. Нејзиниот термин е во средината на март, но полот на бебето сè уште не е откриен.
Манекенката Емили Ратајковски (29) наскоро треба да стане мајка за прв пат, а бременоста не ја спречи да продолжи да објавува голи фотографии. Сега позираше целосно гола, и го истакна трудничкиот стомак.
– Понекогаш се чувствувам како Вини Пу во човечка форма, а понекогаш како божица на плодноста со сочен задник. Денес решив да се чувствувам како второто. Во секој случај, знам дека наскоро ќе ми недостига трудничкиот стомак и овие удари – напиша таа во описот на фотографиите.
Објавата за кратко време им се допадна на над милион обожаватели, а нејзините следбеници на социјалната мрежа и рекоа дека е многу убава трудница.
View this post on Instagram