Фудбалерот на италијанскиот шампион Јувентус Даниеле Ругани пред неколку дена стана првиот врвен фудбалер кој е заразен со коронавирус, а во вторникот и неговата девојка Микела Персико потврди дека е позитивна на овој вирус.
Неговата девојка Микела објави дека и таа заболела од коронавирусот, а италијанската „Газета дело Спорт“ објави дека Микела е во четвртиот месец на бременоста.
– Се подготвувавме околу објавувањето на бременоста, досега никому не сме кажале. Тоа беше наш момент на среќа, а сега животот вака нѐ предаде. Сигурна сум дека сѐ ќе биде во ред – порачала таа од самоизолацијата.
– Се надевам дека вирусот нема да влијае на бременоста. Лекарите ме уверија во тоа и ме охрабрија. Ми реакоа дека би требало да нема проблеми. Но, ставете се во моја кожа, страшно, се плашам. Се подготвувавме да објавиме за мојата бременост, но сега живото вака не предаде – изјавила 29-годишната Микела која е ТВ-водителка.
Таа во моментот е одвоена од Даниеле, а двајцата се наоѓаат во карантин и се чувствуваат добро.
FOTO: Instagram/Printskrin