БРЕМЕНА ЖЕНА МЕЃУ КОВИД-ПОЧИНАТИТЕ Триесетгодишната трудница била во петтиот месец

По девет дена од лекувањето состојбата и се влошила. И покрај дадената терапија, развила многу тешка форма на бронхопневмонија и била поставена на механичка вентилација.

1,057

Бремена жена на 30 –годишна возраст е меѓу починатите кои во изминатото деноноќие не се изборија со ковидот, пренесува Телма.

Според информациите, жената била во петиот месец од бременоста, била позитивна на ковид и примена на Инфективната клиника.






Но, по девет дена од лекувањето состојбата и се влошила. И покрај дадената терапија, развила многу тешка форма на бронхопневмонија и била поставена на механичка вентилација.

Подоцна таа била префрлена на Клиниката за анестезија и реанимација, каде понатаму е лекувана. Сепак, состојбата значително се влошила и во текот на вчерашниот ден таа починала.

Поврзани содржини