БРЕГОВИЌ ДРЖЕЛ КОНЦЕРТ НА ОКУПИРАНИОТ КРИМ? Се открива зошто Моладавија не му одобрува влез на српскиот музичар
Коментирајќи ја забраната за влез на Бреговиќ во Молдавија српскиот претседател Александар Вучиќ иронично прокоментира дека веројатно некому му пречи песната „Калашњиков, калашњиков“.
Проруските позиции и концертот што го одржал во 2015 година на окупираниот Крим се главните причини за тоа што му е забранет влез во Молдавија на српско-хрватскиот композитор Горан Бреговиќ, тврди француската телевизија БФМ, повикувајќи се на локални извири. Молдавија, земја што граничи со Украина, неодамна значително ја зајакна контролата поради „безбедносни“ прашања, вели телевизијата.
За забраната за влез на Бреговиќ, кој беше вратен од аеродромот во Кишњев, порталот на француската телевизија пишува дека „неговите проруски позиции веројатно имале улога во оваа одлука“, додавајќи дека 73-годишната ѕвезда отворено ја поддржал анексијата на Крим, каде одржа концерт во март 2015 година, а подоцна ја поддржал и инвазијата на Украина.
Граничната полиција на Молдавија во соопштение до медиумите објаснила дека во последните 24 часа им забранила пристап на 29 странски државјани, меѓу кои и на музичарот Горан Бреговиќ.
Коментирајќи ја забраната за влез на Бреговиќ во Молдавија српскиот претседател Александар Вучиќ иронично прокоментира дека веројатно некому му пречи песната „Калашњиков, калашњиков“.