Бредли Купер: Два месеца не излегов од дома, мајка ми е тешко болна

1,074

Во своето последно интервју, холивудскиот актер Бредли Купер откри дека посебно се штител за време на карантинот поради коронавирусот и дека со месеци не ја напуштал куќата за да не ја загрози својата мајка, која е тежок хроничен пациент.

– Најлошиот период го поминав во мојот дом со мајка ми, ќерка ми и со двете кучиња, пред попуштањето на мерките. Не излегував од дома. Мајка ми наскоро ќе наполни 80 години и е тешко болна. Никого не пуштав во куќата, ниту, пак, одев некаде. Ако се зарази со короната, тоа ќе биде крај на нејзиниот живот  – објаснил Купер, кој е многу приврзан за неговата мајка.






„Живееме во куќа во град со мошне мала градина, но дури и тој мал дел во воздухот ни се најде во таа ситуација. Тука е и мојата темпераментна ќерка Леа, која ја научив да плива во кадата за време на карантин. Тоа навистина многу ѝ се допадна – додал актерот.

 

 

 

Поврзани содржини