БРЕД ПИТ ВО РОЗЕВО Актерот привлече внимание со 29 години помладата девојка, во Париз

Бред Пит и Инес де Рамон беа забележани како пристигнуваат во познатиот ресторан „Ле Волтер“ во Париз, кадешто вечераа заедно со режисерот Дејвид Финчер и басистот на „Ред Хот Чили Пеперс“, Фли.

0

Бред Пит и неговата 29 години помлада девојка Инес де Рамон беа фотографирани на French Open кадешто ги следеа тениските натпревари на Ролан Гарос, а потоа вечерта ја поминаа вечерајќи во познатиот ресторан Le Voltaire.

Тие беа придружувани од режисерот Дејвид Финчер и Фли од Red Hot Chili Peppers, а доаѓањето на двојката го разбуди интересот на фотографите и собраните обожаватели.






Пит избра комбинација во розови тонови, поточно, розева кошула и розев мантил, додека Инес се појави во елегантен кафеав кожен фустан-капут со беж додатоци.

Ден претходно, на  French Open, двајцата носеа светли комбинации и не ја криеја својата нежност, па фотографите често ги фотографираа како се прегрнуваат и се држат за раце.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roland-Garros (@rolandgarros)

 

 

Поврзани содржини