Бред Пит уловен со новата девојка во Франција, германската манекенка Никол ФОТО
Откако тој веќе не е со Анџелина Џоли, а поминаа четири години, Бред Пит го поврзуваа со неколку жени, но 56-годишниот холивудски заводник не бил официјално во љубовна врска во последните четири години.
Можеби најопипливиот доказ дека Бред сепак има нова девојка се фотографиите од Франција. Актерот и неговата избраничка германската манекенка Никол Потуралски, биле видени како го напуштаат автомобилот и се качуваат во приватен авион на аеродромот Париз-Ле Буржет во Париз.
Тие потоа беа снимени во средата на аеродромот „Ле Кастелет“ на југот на Франција, во близина на Марсеј. Според британски „Сан“, тоа е помал аеродром оддалечен само 48 километри од вилата Шато Миравал, каде некогаш поминал многу време со Анџелина и нивните шест деца.
Никол зборува пет јазици, и е успешна манекенка.
View this post on Instagram
Some more outtakes from @triangl campaign 2020 with @carlydame on film in formentera so thankful