Бред Пит уловен како ја напушта болницата во инвалидска количка ФОТО

3,215

Холивидската ѕвезда Бред Пит бил фотографиран додека во инвалидска количка го изнесуваат од медицинскиот центар во Беверли Хилс.

„Њујорк пост“ објавил фотографии на коишто се гледа како славниот актер се обидува да се скрие под очилата, но сепак не успеал во тоа.






Факт е дека холивудската ѕвезда во вакво издание малкумина би го препознале, носи и заштитна маска поради пандемијата, па може да се каже дека целосно се „камуфлирал“.

Покрај Пит одел и телохранителот, а странските медиуми откриле дека актерот најверојатно имал операција на умникот.

„Тоа не е ништо, стоматолошки зафат“, изјавил извор за „Пејџ сикс“.

На фотографиите што ги објави и „Пејџ сикс“ 57-годишниот актер е во придружба на неговиот телохранител.

Иако не е познато за каков зафат имал Бред Пит, сепак е јасно дека морал да биде испратен од болницата во количка, поради веќе утврдената политика во медицинските центри во САД, која се користи за да се избегне каква било повреда кај пациентите при напуштање на болниците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by New York Post (@nypost)

FOTO: Instagram

Поврзани содржини