Трагичната вест го шокирала славниот холивудски актер Бред Пит. Имено, неговиот пријател, фотографот и уметник Саул Флечер (52) ја избодел до смрт сопругата, а потоа сѐ ѝ признал на својата ќерка.
Ќерката на Саул комуницирала со полицијата во Берлин, каде се случило злосторството, околу 23 часот во средата. Таа ѝ раскажала на полицијата дека нејзиниот татко ја повикал и ѝ признал дека ја убил нејзината 53-годишна мајка. Потоа, набрзо го напуштил станот во Берлин и заминал со својот автомобил.
Извесно време подоцна, неговото тело беше пронајдено во куќа покрај езерото Рочоу во близина на Бранденбург.
По пронаоѓањето на телото, полицијата открила дека Саул се самоубил откако ја убил сопругата, а телото на неговата сопруга, која починала од убодни рани, е пронајдено во стан во Берлин.
Германски „Блик“ пишува дека полицијата нема докази дека некој друг бил вмешан во случајот и дека сè уште ги истражува сите детали.
Инаку, Саул бил добар пријател со Бред Пит, а тие се снимени заедно минатата година на уметничка изложба во Венецијанското биенале. Саул бил самоук фотограф и уметник и со своето семејство живеел во Берлин изминатите 20 години.