БРЕД ПИТ ПРВПАТ ПРОГОВОРИ ЗА РАЗВОДОТ ОД АНЏЕЛИНА ЏОЛИ Еве што рече актерот по осумгодишната правна битка

Холивудскиот актер Бред Пит конечно проговори за својата осумгодишна правна битка со поранешната сопруга Анџелина Џоли, која заврши минатиот декември откако актерката поднесе барање за развод во 2016 година.

552

Бред Пит не се пожали ниту во овој случај, туку се обиде да го минимизира речиси деценискиот конфликт што го следеа медиумите.

Во интервју за списанието „Џеј Кју“, кое го даде по повод промоцијата на неговиот нов филм „Формула 1“, Пит изјави дека конечното завршување на процесот не е голема работа за него:

„Не, не мислам дека беше нешто особено големо“, рекол Пит. „Само нешто што конечно дојде до својот правен крај.“

Пит и Џоли имаат шест деца. Двојката се венча во 2014 година откако се запознаа на снимањето на „Господин и госпоѓа Смит“.

Пит, исто така, призна дека неговиот љубовен живот е „секогаш во вестите“.

„Веќе 30 години, брат. Или некоја верзија од мојот приватен живот, да го кажеме така“, изјави тој за „Џеј Кју“.

Поврзани содржини