БРЕД ПИТ НЕ ПАМТИ НИТУ РАСПОЗНАВА ЛУЃЕ Смета дека боледува од прозопагнозија

Бред изрази и желба да запознае личност која боледува од истата болест.

408

 

Бред Пит во интервју за „Џи-кју“ открива дека има проблеми да ги препознава луѓето и да помни лица. Тој тврди дека понекогаш му тешко да се сети на луѓето што ги запознал, дали во минатото или пред неколку секунди.






– Многумина мислат дека сум арогантен и не ми веруваа, поради тоа ми е многу непријатно – изјави тој.

Бред мисли дека боледува од прозопагнозија, состојба при којашто луѓето не можат да ги препознаат ни членовите на семејството, партнерите или пријателите, па се справуваат со тоа користејќи алтернативни начини за препознавање на луѓето, како што се сеќавањето на начинот на кој одат, нивната фризура, гласот, облеката.

На глумецот сѐ уште официјално не му била дијагностицирана прозопагнозија.

Поради сѐ ова, Бред изрази и желба да запознае личност која боледува од прозопагнозија, а вели и дека токму поради тоа ретко излегува надвор, за да избегне разни непријатни ситуации.

 

Поврзани содржини