БРЕД ПИТ ИМА НОВА ЉУБОВ Помлада е од него 29 години (ФОТО)
Бред Пит викендов присуствувал на концертот на Боно во Лос Анџелес, а по тој повод е фотографиран со поранешната сопруга на актерот Пол Весли, убавата Инес де Рамон.
Откако неговата драма со поранешната сопруга Анџелина Џоли барем навидум се „смири“, еден од најголемите холивудски заводници Бред Пит времето го поминува излегувајќи и уживајќи со друштвото, а ги поттикнал и гласините за неговата нова романса.
Бред Пит викендов присуствувал на концертот на Боно во Лос Анџелес, а по тој повод е фотографиран со поранешната сопруга на актерот Пол Весли, убавата Инес де Рамон.
Како што пренесуваат странските медиуми, парот пристигнал на концертот заедно околу 20 часот, а потоа се придружиле на друштвото на Пит вклучувајќи ги Синди Крафорд, Ранде Гербер и Шон Пен.
Пит (58) и Де Рамон, која е 29 години помлада од актерот, делувале интимно, а на објавените фотографии се гледа како актерот во еден момент ја држи раката на рамото на Инес или како ја прегрнува.
Brad Pitt gets up close and personal with Paul Wesley’s ex wife at Bono concert https://t.co/BexYGAfvm8
— Daily Mail US (@DailyMail) November 15, 2022
И двајцата биле облечени лежерно. По концертот, Пит заминал со својот автомобил, додека Де Рамон, пишува „Дејли мејл“, заминала со телохранителот на актерот.
Де Рамон инаку работи за брендот за накит „Анита Ко“. Во септември таа објави дека се разделила од Весли, ѕвездата на „Вампирски дневници“, по речиси три години брак.
„Одлуката да се разделат беше заемна“, изјавил тогаш претставник на парот за „Пипл“, додавајќи дека тие веќе некое време живеат одвоено.
Во меѓувреме, Пит, покрај неславните кавги и разводот со Анџелина Џоли, оваа есен беше поврзуван и со манекенката Емили Ратајковски. Сепак, двајцата не ги коментираа наводите, а манекенката веќе наводно се гледа со некој друг.
И покрај тоа што Пит има и други жени во својот живот по разводот, извори блиски до актерот неколкупати изјавија дека тој не сакал да официјализира каква било врска од страв дека тоа може да му наштети на неговиот однос со неговите деца.