🎥 БРЕД ПИТ ГО РАЗБРАНУВА АМСТЕРДАМ Холивудската ѕвезда во непрепознатливо издание во главниот град на Холандија
Бред Пит беше виден во Амстердам кадешто го снима својот нов филм, „Јавачите“, а голем дел од градот е трансформиран во огромен филмски сет.
Филмската ѕвезда Бред Пит и огромна екипа, вклучувајќи кранови и десетици комбиња, презедоа дел од центарот на градот Амстердам за да снимаат сцени за неговиот нов филм „The Riders“.
Голем дел од западниот каналски прстен бил затворен за сообраќај со огради и преуреден за да изгледа како во 1980-тите, комплетно со Форд Ескорт и сквотови покриени со графити од тоа време.
Некои од жителите кој добро го познаваат изгледот на подрачјето во тоа време, коментираат дека изгледа многу автентично.
Новиот филм на Бред Пит кој холивудската ѕвезда го снимаше најпрвин во Грција, а сега и во Амстердам, е базиран на познатиот роман на Тим Винтон за патувањето на еден татко со својата ќерка низ Европа, во потрага по жената што ги напуштила. Додека продукцискиот тим ги криел работите зад црни огради, среќните минувачи фаќале кадри од суперѕвездата во акција, а локалните жители снимале што се случува од балкони и прозорци.
Потоа снимањето се преселило во Блаубургвал и околните улици, каде што огромни црни екрани биле поставени покрај водните патишта, а знаците ги предупредувале локалните жители дека специјалните ефекти може да вклучуваат магла и дожд – што тешко дека е потребно со оглед на времето.
View this post on Instagram
Добро расположениот актер, иако во непрепознатливо издание, се смеел и им мавтал на обожавателите за време на паузите. За улогата, тој бил облечен во неколку слоеви, со разбушавена коса и лице прекриено со крвави рани.
Носел карирана кошула, врз која имал син џемпер, а над тоа и износена јакна. Имал и сини фармерки во износена состојба, како и чизми.
Пит последен пат снимал во Амстердам во 2004 година, кога тој, Џорџ Клуни и Мет Дејмон беа во градот за филмот „Ocean’s Twelve“.