📷 БРЕД ПИТ ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ ВО КОШУЛА ОД 6.000 ДОЛАРИ Исто толку чини ноќевање во хотелот каде што престојувал со девојката Инес

Холивудскиот шмекер Бред Пит пред неколку дена наполни 60 години, а со својата девојка Инес де Рамон го прослави роденденот во романтичниот Париз, но и во Лос Анџелес.

686

Холивудскиот шмекер Бред Пит пред неколку дена наполни 60 години, а со својата девојка Инес де Рамон го прослави роденденот во романтичниот Париз, но и во Лос Анџелес.

Странските медиуми пишуваат дека и Инес имала роденден, па парот решил заедно во ист да направат двојно славење. Извесно време планирале како ќе ги прослават овие два важни датуми, а на крајот решиле да „побегнат“ во Париз, каде отишле во театар, биле одлично расположени, а потоа се вратиле во Лос Анџелес, каде се сретнале со пријателите и продолжиле да слават во еден популарен ресторан, пишува „Пипл“.

 







Парот во Париз престојувал во хотел каде ноќевање чини 6.000 евра, а пред хотелот ги пречекал и доставувач со балони во облик на роденденскиот број.

 


Бред Пит го одбележа својот 60-ти роденден во смела кошула од 6.000 долари во друштво на девојката Инес де Рамон (33) покрај него на забавата во Лос Анџелес во вторникот.

Оскаровецот, кој наполни 60 години во понеделникот, на 18 декември, го привлече вниманието во рачно насликана златна и црна кошула од неговата линија „God’s True Cashmere“ на луксузниот италијански бренд, во комбинација со црни широко панталони и роденденска значка додека се шеташе со Инес. Инаку, Пит е коосновач на новата луксузна линија на кашмир со наслов „Вистинскиот кашмир на Бог“ (God’s True Cashmere), заедно со блиската пријателка Сат Хари, дизајнерка на накит и холистичка исцелителка.

 


Инес се одлучила за „помирна“ комбинација, облекла краток бел фустан, во комбинација со бел шал и црни високи потпетици.

Да потсетиме, овој пар е во врска од минатата година, кога Инес за првпат беше забележана на забавата на Бред за 59. роденден.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини