Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев ги засили редовите за новата сезона во домашното првенство со тројца бразилски фудбалери.
Нови играчи на струмичкиот прволигаш, како што е соопштено, се Нунес Сантос Каио Лукас, Силва Сена Дос Сандос Каио и Лемос Да Силва Матеус.
Тројцата Бразилци се обврзаа на двегодишна верност со Академија Пандев.
Екипата од Струмица минатата сезона заврши седмопласирана во Првата македонска фудбалска лига, а стигна до финалето во националниот куп, во кое на пенали беше поразена од Силекс.