Бразилците му облекоа бел мантил на Исус Христос (ВИДЕО)
На белиот мантил пишувало „благодарам“ на сите светски јазици.
Познатата статуа на Исус Христос во Рио де Жанеиро го дочека католичкиот Велигден „облечена“ во бел мантил и на тој начин Бразилците им се заблагодарија на сите здравствени работници во светот.
Како што објавија локалните медиуми, статуата со посебни светлосни ефекти била „облечена“ во лекарска унифарма во знак на поддршка за сите лекари кои се во првите борбени линии во војната против коронавирусот.
На белиот мантил пишувало „благодарам“ на сите светски јазици.