Бразил веќе нема да кажува вкупна бројка на заболени и починати од ковид-19

280

Во текот на изминатата недела епицентар на пандемијата стана Латинска Америка, особено Бразил. Таму бројот на инфицирани и починати се зголемува многу. Но, земјата не сака веќе да објавува вкупни бројки на заболени и починати од вирусот.

На веб страницата на Министерството за здравство на Бразил се вели дека за короната ќе бидат објавувани само дневни бројки на инифицирани и починати во текот на изминатите 24 часа, пишува Дојче веле.






„Кумулативните податоци не ја отсликуваат позицијата каде што земјата се наоѓа“, образложи шефот на државата Жаир Болсонаро. Критичарите сметаат дека ваквиот шаховски потег е обид да се прикрие целиот размер на пандемијата во Бразил.

Поради ова претседателот Болсонаро е обвинет за тоталитаризам и за цензура.

Поврзани содржини