БРАЗИЛ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА САМИТОТ НА БРИКС Блокот ќе донесе стратешки одлуки во јули
Блокот се шири, се приклучија Иран, Египет, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Индонезија, а поканата за приклучување беше упатена и до Саудиска Арабија. Турција, Азербејџан и Малезија поднесоа официјални апликации за членство. Нигерија има статус на „партнер“.
Бразилската влада соопшти дека овогодинешниот самит на економскиот сојуз БРИКС ќе се одржи во бразилската метропола Рио де Жанеиро на 6 и 7 јули. Оваа година Бразил е ротирачки претседавач на групата водечки економии во развој – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.
Блокот се прошири, се приклучија Иран, Египет, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Индонезија, а поканата за приклучување беше упатена и до Саудиска Арабија.
Турција, Азербејџан и Малезија поднесоа официјални апликации за членство. Нигерија има статус на „партнер“.
– Ќе донесеме стратешки одлуки за развој, соработка и за подобрување на животот на граѓаните на земјите од БРИКС и нашите партнери – изјави бразилскиот министер за надворешни работи Мауро Виеира.