БРАТОТ НА УБИЕНИОТ ПЕЈАЧ СЕ ОГЛАСИ НА ФЕЈСБУК Амар ќе биде погребан денеска во Бутел, се верил пред еден месец
Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото семејство.
„На Алах сме и кај него ќе се вратиме. Со скршено и тажно срце ве известувам дека почина нашиот син/брат Амар Исмани“, напиша Един Исмани на Фејсбук, брат на убиениот пејач.
Погребната молитва ќе се одржи денеска во џамијата во Чаир, а потоа на гробиштата Бутел.
Последната објава на Инстаграм Амар ја објавил неколку часа пред смртта. Тој на социјалните мрежи често споделувал фотографии од патувања. Во албумот со фотографии кои ги објавил на 25 април покажал дека тогаш се свршил.
ПОЗНАТ ПЕЈАЧ ЗАГИНА ВО ПРЕСТРЕЛКА НА ПЛАСТИЧАРСКА Уште две лица се ранети