📷 БРАТОТ НА МИХАЕЛ ШУМАХЕР ЈАВНО ПРИЗНА ДЕКА Е ГЕЈ Ралф објави романтична фотографија со својот партнер

Претходно, Ралф 14 години беше во брак со Кора Шумахер со која го има синот Дејвид, се разведоа во 2015 година, поради неговата сексуална ориентација.

505

Поранешниот возач во Формула 1, Ралф Шумахер, помлад брат на славниот Миахел Шумахер, јавно призна дека е геј.

„Најубавото нешто во животот е кога покрај себе имаш вистински партнер, со кој можеш да споделиш сè“ – напиша Ралф покрај романтичната фотографија со неговиот партнер.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ralf Schumacher (@ralfschumacher_rsc)

Претходно, Ралф 14 години беше во брак со Кора Шумахер, се разведоа во 2015 година. Кора и Ралф Шумахер се венчаа во 2001 година и го добија синот Дејвид, кој исто така се занимава со трки. По разводот Ралф и Кора наводно одржуваат блиски односи. Кора знаела за неговата сексуална ориентација и тоа било причина за разводот.

Кора е актерка, модел, тркачки возач и телевизиска водителка. Таа е ќерка на сопственик на бензински пумпи Герд Бринкман.

Поврзани содржини