БРАТОТ МУ УМРЕЛ НА РАЦЕ, БИЛ ПРОСЈАК, СЕГА Е ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ВО ХОЛИВУД Кога ја нашол неа, успеал да надмине сè друго!

На црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал, познатиот актер и добитник на Оскар, Хоакин Феникс, се појавил на премиерата на филмот „The Voice of Hind Rayab“, во кој ја игра главната улога, во друштво на филмската екипа, но и на неговата сопруга Руни Мара, што предизвикало голем интерес, со оглед на тоа што двојката ретко се појавува јавно заедно.

190

Познатиот актер и добитник на Оскар, Хоакин Феникс, се појави на премиерата на филмот „The Voice of Hind Rayab“, во кој ја игра главната улога.

На црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал, тој блескал во друштво на филмската екипа, но и на неговата сопруга Руни Мара, што предизвикало голем интерес, со оглед на тоа што двојката ретко се појавува јавно заедно.






Хоакин и Руни се запознале во 2012 година додека работеле на филмот „Her“, но не започнале врска сè до неколку години подоцна, додека заедно го снимале филмот „Марија Магдалена“. Ја крунисале својата љубов со свршувачка во 2019 година, а во 2024 година, Хоакин открил во подкастот „Talk Easy with Sam Fragoso“ дека се венчале, нарекувајќи ја Мара своја сопруга. Денес, тие имаат две деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joaquin Phoenix (@joaquinlphoenix)

Актерот во истата емисија зборувал за емотивните моменти и за неговиот познат говор на доделувањето на Оскарите од 2020 година. Тој открил дека ги смислил зборовите додека разговарал со мајка му и со сопругата, а подоцна појаснил дека мислел токму на Мара.

– Таа е единствената девојка што некогаш сум ја побарал на Google. Бевме пријатели кои се допишуваа преку е-пошта. Никогаш порано не сум направил нешто слично, никогаш не сум побарал девојка на Google – признал актерот.

Една година по нивната свршувачка, тие добиле син, кој го крстиле Ривер, по братот на Хоакин, Ривер Феникс. Во февруари 2024 година, Руни Мара открила дека го очекува своето второ дете, што го направило парот уште посреќен.

Трагедијата што го одбележа животот на Хоакин

Во својот говор на доделувањето на Оскарите, Феникс ја нагласи важноста на екологијата и љубовта, а публиката ја доведе до солзи кога цитираше стихови што неговиот брат Ривер ги напишал на 17-годишна возраст:

– Спаси се со љубов, и мирот ќе те следи!

Ривер Феникс, кој се истакна во филмовите „Stand by Me“, „Running on Empty“ и „My Own Private Idaho“, почина во 1993 година на 23-годишна возраст од предозирање со дрога – во рацете на неговиот помлад брат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joaquin Phoenix (@joaquinlphoenix)

Покрај Руни, Хоакин на доделувањето на Оскарите го бодреа неговата мајка Арлин, како и неговите сестри Рејн и Самер, кои исто така се актерки. Актерот има уште две сестри – Џодина Ботом и Либерти Феникс – кои исто така го избрале уметничкиот пат.

Од тешки почетоци до врвот на Холивуд

Иако денес е на самиот врв на светската кинематографија, Хоакин Феникс поминал долг и трнлив пат. Како дете, живеел во сектата „Деца Божји“, која ги охрабрувала сексуалните односи меѓу возрасни и деца, како и групен секс и инцест. Подоцна, тој просел на улиците и се соочувал со бројни трагедии. И покрај сè, тој излегол посилен од сè, следејќи ги својот талент и љубовта кон глумата.

Денес, светот го познава како еден од најталентираните и најскромните актери на неговата генерација.

Поврзани содржини